Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Струга утре станува светска престолнина на поезијата

Струга утре станува светска престолнина на поезијата
Со учество на околу 70 поети, книжевни критичари, преведувачи и литературни дејци од Македонија и од странство, утре во Струга започнува 65. издание на Струшките вечери на поезијата. Годинашниот фестивал ќе се одржи под мотото „Каде што живее поезијата“.
 
Највисокото фестивалско признание „Златен венец“ годинава и припадна на холандската поетеса Анеке Брасинга, додека наградата „Мостови на Струга“ ќе му биде доделена на британскиот поет Даниел Хајндс.
 
Струшките вечери на поезијата, кои се одржуваат под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со поддршка од Министерството за култура и туризам, и годинава ја потврдуваат својата улога како еден од најзначајните меѓународни книжевни настани во регионот.
 
Министерството за култура и туризам останува посветено на поддршката на манифестации што го афирмираат македонското културно наследство и современото творештво, поттикнувајќи меѓународен културен дијалог и промоција на уметничките вредности.

Мени за пристапност