Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Проекција на филмови од Манаки и изложба на фотографии „La Belle Epoque“ – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки во Македонскиот КИЦ во Софија

Проекција на филмови од Манаки и изложба на фотографии „La Belle Epoque“ – Истокот и Западот, битолската мода низ објективот на Манаки во Македонскиот КИЦ во Софија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 26 јуни 2026 година (петок) со почеток од 18:30 часот, ќе бидат прикажани краткометражните филмови „Баба Деспина и Султанот“, „Исчекување“, „Селска свадба“, „Смртта во Битола“ и „Хуриет во Битола“, снимени од камерата на браќата Манаки.

 

Во рамките на настанот ќе биде отворена и изложбата на фотографии „La Belle Epoque – Истокот и Западот“, која ја претставува битолската мода од крајот на XIX и почетокот на XX век низ објективот на Манаки.

 

Презентацијата на творештвото на основоположниците на балканската фотографија и кинематографија во Софија е резултат на соработката меѓу Македонскиот КИЦ во Софија, НУ Центар за култура – Битола и Културно-информативниот центар – Битола.

Мени за пристапност