Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во КИЦ во Загреб одржана книжевна вечер со Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков

Во КИЦ во Загреб одржана книжевна вечер со Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа книжевна вечер посветена на современата македонска книжевност, на која беа претставени авторите Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков.

 

На настанот присуствуваа љубители на книжевноста, писатели, студенти и професори од Филозофскиот факултет во Загреб, како и претставници од културниот живот во Хрватска. Публиката имаше можност да се запознае со творечкиот развој на авторите, нивните книжевни искуства и пристапот кон креативниот процес.

 

Разговорот го водеше хрватската преведувачка и книжевна промоторка Патриција Хорват, која е и уметничка директорка на фестивалот „Причигин“. Во текот на вечерта беше посочено дека двајцата автори во различни периоди престојувале на книжевни резиденции во Хрватска, во Пазин и Сплит, каде што работеле на делови од своите книжевни дела.

 

Директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, во своето обраќање ја нагласи улогата на културата и уметноста во јакнењето на меѓусебното разбирање и соработка меѓу народите, посочувајќи дека ваквите настани придонесуваат за продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска и за промоција на современите македонски автори во меѓународен контекст.

Мени за пристапност