На 7.11.2025 година во концертната сала „Фердинанд Деда“ при Националната телевизија на Албанија – РТШ, во организација на Македонскиот културен центар во Тирана и во соработка со фестивалот „Магична флејта“, се одржа концерт на македонското трио „Анимато“.
Триото го сочинуваат двете флејтистки Даниела Неделковска и Симона Марочковска Манојловска и пијанистката Светлана Димитриевска. Во вториот дел од концертот следуваше изведба на оркестарот на РТШ со кларинетистот Роланд Бербиу, под диригентство на Фатос Керимај.
На програмата беа изведени дела од Шор, Доплер, Копланд, Моцарт, Елгар, како и од македонскиот композитор Трајко Прокопиев, создавајќи разновидна и инспиративна музичка вечер.