Одборот за доделување на државната награда,,22 Ноември“ согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и Сл весник на РСМ бр.98/19 ) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда,,22 Ноември“ во 2025 за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија,
1. За остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија, наградата им се доделува на:
- проф. д-р Севдаиљ Демири, истражувач, публицист и поет
- Ресул Шабани, писател
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 Ноември 2025 година (сабота) во 11 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
Претседател на Одборот,
Решат Амети