Мултимедијалната изложба „Телото што ја помни тишината“ од уметницата Тања Балаќ ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје.
Делото ги истражува односите меѓу меморијата, тишината и трауматичното искуство. Изложбата е структурирана како просторно и визуелно искуство што се одвива во две целини: инсталација и видеопроекција.
Преку минимални, но внимателно артикулирани елементи, светлина, боја и движење авторката создава амбиент што повикува на засилена перцепција и внатрешна концентрација.