Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шпанската документарна сцена во фокусот на „МакеДокс“

Шпанската документарна сцена во фокусот на „МакеДокс“

Современото шпанско документарно творештво е во фокусот на 17. издание на фестивалот „МакеДокс“. Публиката ќе има можност да проследи филмови што ги поместуваат границите меѓу документарното и уметничкото, обработувајќи теми како идентитетот, колективната меморија, миграциите и општествените промени.

 

Фестивалот ќе биде отворен со „Амилкар“ на Мигел Еек и краткометражниот „Роење птици“ на Ксавиер Марадес. Двајцата автори ќе бидат гости во Скопје и ќе одржат мастер-клас за современите пристапи во креативниот документарен филм.

 

Во програмата се и „Цел еден живот“ на Марта Ромеро, „Камени богови“ на Иван Кастињерас, „Господе, земи ме наскоро“ на Гиљермо Ф. Флорез, „Дневник за уценување“ на Патриција Франкеса, „Сатурн“ на Даниел Торнеро и „Задушена светлина“ на Луис Сампиери.

 

Покрај главната селекција, ќе бидат прикажани и кратки филмови од Канарските Острови и перуански експериментални дела во соработка со фестивалот МУТА. Програмата „Земја во фокус“ се реализира со поддршка од Амбасадата на Кралството Шпанија.

Мени за пристапност