С О О П Ш Т Е Н И Е
Одборот за доделување на државната награда ”11 Октомври“, согласно Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на законот за државните награди („Службен весник на РМ” бр.52/06,54/07,74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата последна седница донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда,,11 Октомври“ за 2025 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија
1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
- Теута Ајдини-Јегени, актерка
- проф. Летка Димовска - Полизова, хорски диригент
- Иво Јанкоски-продуцент промотор на македонската уметност
2. За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на:
- проф. д-р Константин Димитров, машински инженер
- акад. Глигор Јовановски, хемичар
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2025 година (сабота) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
Претседател на Одборот
за државната награда „11 Октомври”
проф. д-р Светозар Антовиќ