Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Концерт на Националниот џез-оркестар и Курт Розенвинкел

Концерт на Националниот џез-оркестар и Курт Розенвинкел

Виртуозот на гитара Курт Розенвинкел, кого Ерик Клептон го нарече „гениј“, за првпат ќе настапи во Скопје заедно со Националниот џез-оркестар.

 

Концертот ќе се одржи на 1 октомври 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Националната опера и балет, под диригентство на маестро Владимир Николов.

 

„Њујорк тајмс“ за него напиша: „Со само неколку ноти, Курт Розенвинкел кажува повеќе отколку што многумина гитаристи постигнуваат за цела кариера. Непоколеблив истражувач кој зазеде единствено место во џез-светот со својата сложена и суптилна визија.“

 

Веќе три децении Розенвинкел ја обликува современата џез-сцена со својот препознатлив стил и музичката длабочина. Од своите први настапи во Њујорк во 1991 година, тој се издигна како вистински иноватор, создавајќи албуми кои инспирираат генерации музичари и љубители на џезот насекаде во светот.

 

Неговата музика остава неизбришлив белег во историјата на гитарската уметност, а неговите живи настапи пленуваат со виртуозност и со емоција. Обожавателите често велат дека Курт „ја оживува гитарата на начин што остава без здив“.

 

Во рамките на концертот ќе бидат изведени авторски композиции на Курт Розенвинкел, аранжирани за биг бенд оркестар.

Мени за пристапност