Вечер во 19:30 часот во Младинскиот културен центар – Скопје ќе биде отворена изложбата „Откривање и ритам“ на Мартин Џепароски.
Изложбата е составена од две поврзани видеа кои преку симболична нарација и визуелна естетика ги истражуваат темите на внатрешно будење и животна динамика. Делото ги спојува природата и човечката емоција во сензорно и филозофско патување.
Првото видео, „Откривање“, се фокусира на трагањето по сопствениот идентитет и поврзаноста со земјата, додека второто, „Ритам“, го прикажува ритмичкото движење низ животот преку симболична бела топка. Инсталацијата ја повикува публиката на размислување за односот меѓу телото, просторот и времето.
Изложбата трае до 14 октомври.