Националната опера и балет в петок (19 септември) ќе ја отвори новата сезона со премиерната изведба на балетот „Градина на почетоците“ од композиторот Стојан Стојков, по либрето на Ефтим Клетников. Главните улоги ќе ги толкуваат: Марија Кичевска Шокаровска, Ева Перковска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија), Симона Колиштркоска и Ендру Кук (Англија).
Кореографијата е на Џан Арслан од Турција, а со оркестарот ќе диригира Иван Еминовиќ. Стојков на прес-конференција истакна дека инспирација нашол во антички музички записи и полифонијата, со силно вграден елемент на македонскиот рурален фолклор.