Ве известуваме дека на 18 септември (четврток), во рамките на 14-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Тетово, од 11 до 13 часот во Европската куќа во Тетово ќе се одржи тркалезна маса на тема: „Можности за аплицирање во рамките на потпрограмата МЕДИА на Креативна Европа“.
Сесијата е во организација на Канцеларијата за Креативна Европа при Министерството за култура и туризам, Меѓународниот филмски фестивал во Тетово и Европската куќа во Тетово.