Во рамките на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“, во Музејот на град Скопје се одржа настанот „Трага во времето – 10 години џез-оркестар“, во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.
Настанот опфати отворање на изложбата „JAZZ10 – Од иницијатива до институција: 10 години современ македонски џез (2016 – 2026)“, која преку архивски материјали, фотографии и видеосодржини го прикажува развојот на современата македонска џез-сцена и создавањето на Националниот џез-оркестар.
По отворањето на изложбата, Националниот џез-оркестар одржа свечен концерт со кој беше одбележан значајниот јубилеј – десет години посветена работа, уметнички развој и афирмација на македонскиот џез.