Руско-германскиот пијанист Александер Мелников вечер ќе настапи во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“.
Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Мелников важи за еден од најистакнатите пијанисти на својата генерација, препознатлив по својата виртуозност, длабока музикалност и интерпретации на дела од различни музички епохи.
Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со врвна класична музика во единствениот амбиент на црквата „Света Софија“, која со својата извонредна акустика е едно од најрепрезентативните концертни места на фестивалот.