Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Италијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“

Италијанското трио „Кимера“ со целовечерен концерт на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечер продолжува со концертот на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Триото го сочинуваат пијанистката Марта Черета, виолинистот Стефано Ракањи и виолончелистот Џорџо Лукини. „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ во Центарот за гудачки инструменти „Стауфер“, а постдипломските студии ги завршуваат на Конзерваториумот „А. Боито“ во Парма под стручно менторство на квартетот „Парма“.

Инспирација и искуство црпат од соработката со Миша Мајски, Амирам Ганц од триото „Алтенберг“, од Антонио Менезес и од Екарт Рунге кој е член на квартетот „Артемис“.

Триото е официјален член на Европската академија за камерна музика. Во 2022 година ја добива наградата „Најдобар италијански ансамбл“ на натпреварот за камерна музика „Филипо Никозија“, потоа во 2023 и 2024 година добива втори награди и награди за најдобра изведба на современо дело на натпреварот „Луиџи Ноно“ и прва награда на натпреварот во Ланкастер. Во 2025 година се закитува со прва награда на натпреварот во Бусан, Јужна Кореја, и на натпреварот „Алберто Бури“ во Кастело.

Мени за пристапност