Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово од денеска (24 септември) во 20 часот започнува 28. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.
Љубителите на комедијата ќе имаат можност да проследат 11 претстави од Македонија, Србија и од Бугарија кои годинава ќе се најдат на репертоарот.
Пред официјалното отворање со првата претстава, ќе биде доделена наградата „Васил Иљоски“ на годинашниот лауреат на фестивалот, актерката Весна Петрушевска-Бејби.
Честа да го отвори фестивалот годинава му припаѓа на Театарот „Јохан Џ. К.-Џинот“ од Велес со претставата „Госпоѓа министерка“.