Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар „Жилина“ вечер од 20 часот ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“ во рамките на Словачката вечер на фестивалот „Охридско лето“.
Квартетот го сочинуваат: Роберт Копелман (прва виолина), Катерина Миронова (втора виолина), Александр Дјагилев (виола) и Дарја Земскаја (виолончело). Ансамблот е основан во 2024 година и составен од водечки музичари на Државниот камерен оркестар „Жилина“, кои настапуваат на домашната и на меѓународната концертна сцена.
Концертот се реализира со поддршка од Амбасадата на Словачката Република во Северна Македонија.