Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Шест незаборавни џез-вечери на „Охридско лето“

Шест незаборавни џез-вечери на „Охридско лето“

Првото издание на програмата „Џез-вечери“ во рамките на „Охридско лето“ ќе се одржи од 13 до 16 август, со шест концерти на врвни домашни и странски музичари.

 

На 13 август во „Света Софија“ ќе настапи Крсте Роџевски, кој ќе го промовира албумот „Orthodoxia Kai Thanatos“, а потоа во предворјето ќе настапи Дине Донеф со своето трио.

 

На 14 август на сцената „Долни Сарај ќе настапи Националниот џез-оркестар со програмата „Македонски сновиденија“, со специјалниот гостин, трубачот Питер Сомуа.

 

На 15 август Сомуа ќе настапи со својот бенд, по што ќе следува концерт на британската саксофонистка Нубаја Гарсија.

 

Програмата на 16 август ќе заврши со настап на британскиот состав „Киото“ (Kiioto), предводен од Лу Роудс и Роан Хит.

 

Кога има два концерта во една вечер, влезницата важи за двата настана.

Мени за пристапност