Вечерва од 21 часот, во црквата „Света Софија“, во рамките на „Охридско лето“ ќе настапи кинескиот пијанист Сихенг Сонг, еден од најдобрите пијанисти од својата генерација.
Роден во Шангај во 1981 година, Сонг се школувал во Франција и е добитник на бројни престижни меѓународни награди, меѓу кои и првата награда на конкурсот „Лонг-Тибо“ во 2004 година. Настапувал во најзначајните светски музички центри, меѓу кои Париз, Берлин, Њујорк, Токио, Пекинг и Шангај, како и со реномирани оркестри и на големи музички фестивали.
Од 2010 година развива иновативен концертен формат во кој класичната музика ја поврзува со мултимедија, театар, уметност и литература, со цел да ја доближи до современата публика.