Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сеќавање на Ленче Делова: Драмскиот театар Скопје организира комеморација

Сеќавање на Ленче Делова: Драмскиот театар Скопје организира комеморација

Македонската театарска сцена се збогува со една од своите најистакнати актерки.  Ленче Делова, која остави неизбришлива трага на сцената, во филмот и на телевизијата, почина на 15 февруари, на 77-годишна возраст.

 

Драмскиот театар Скопје ја најави комеморацијата во чест на актерката, што ќе се одржи на 19 февруари (четврток) во 10 часот во просториите на театарот.

 

Семејството, пријателите, колегите и почитувачите ќе ја оддадат својата почит преку збор, фотографии и видеа, сеќавајќи се на богатиот животен и професионален пат на Делова.

 

Мени за пристапност