Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Се одржа второто издание на ревијалното претставување/Contemporary Dance Showcase на платформата Балканот во движење/Moving Balkans

 Се одржа второто издание на ревијалното претставување/Contemporary Dance Showcase на платформата Балканот во движење/Moving Balkans

Од 13 до 16 мај 2026 година во Нови Сад, Србија, се одржа второто издание на ревијалното претставување /Contemporary Dance Showcase на платформата Балканот во движење/Moving Balkans што е финансиски поддржана од програмата „Креативна Европа“.

 

Настанот обедини автори на иновативни танцови продукции, млади таленти и водечки професионалци од Балканот и од Европа креирајќи услови за промоција, професионална размена и меѓународно вмрежување во областа на современиот танц.

 

Програмата опфати селекција на современи танцови продукции од Балканот, професионални средби и презентации кои се одржуваа на седум различни сцени во градот. Меѓу најдобрите 10 селектирани продукции за 2026 година се најде и претставата од Македонија „Мокументари“ во кореографија на Адријана Данчевска Ровчанин, а во продукција на „Скопје танцовиот театар“ и културниот центар „Интерарт“.

 

Со цел поттикнување долгорочна, координирана и транснационална поддршка на современиот танц беше организирана панел-сесија „Мувинг Балканс: Современиот танц како заеднички културен простор“, на која учествуваа носители на политики, културни работници и претставници на јавни и меѓународни културни институции. Во рамките на дискусијата беа презентирани согледувања за современата танцова сцена и беше истакнато значењето на меѓусекторската и регионалната соработка во создавањето одржлива уметничка продукција, меѓународна циркулација и професионален развој на уметниците и културните работници. На настанот, вклучително и на панел-сесијата учествуваа канцелариите на Креативна Европа на Република Северна Македонија и на Србија.

ФОТОГРАФ:

Јована Семиз

 

Мени за пристапност