Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Ѓоргова: Македонија и Франција ја продлабочуваат соработката во културата и туризмот

Ѓоргова: Македонија и Франција ја продлабочуваат соработката во културата и туризмот
Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова, денеска, во пријатна и конструктивна атмосфера, оствари средба со Грегоар Жислер директор на Францускиот културен институт. 
 
 
На средбата Ѓоргова и Жислер ја потврдија одличната досегашна соработка и традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и заедничката подготвеност за нивно понатамошно продлабочување.
 
 
Во фокус на разговорот беа идните активности и иницијативи во областа на културата и туризмот, при што беше најавено и потпишување Меморандум за соработка помеѓу македонското Министерство за култура и туризам и Амбасадата на Француската Република во Скопје. 
 
 
Меморандумот предвидува унапредување на билатералната соработка преку реализација на заеднички проекти, размена на уметници, експерти и институции, поддршка во заштитата и промоцијата на културното наследство, како и развој на културните и креативните индустрии.
 
 
Особено внимание е посветено на стручната едукација, дигитализацијата на архивите, музејската соработка и промоцијата на туристичките потенцијали на двете држави.
 
 
Соговорниците изразија уверување дека оваа соработка ќе придонесе за уште посилно поврзување меѓу институциите, уметниците и културните работници, отворајќи нови можности за заеднички проекти, културна размена и афирмација на културните вредности на двете пријателски земји.
 

Мени за пристапност