Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Самоуништување“ повторно оживува на големото платно по повод 30 години од премиерата

„Самоуништување“ повторно оживува на големото платно по повод 30 години од премиерата

Кинотеката на Македонија на 19 јуни, со почеток во 20:30 часот, ќе ја одбележи 30-годишнината од премиерата на македонскиот филм „Самоуништување“ со специјална проекција.

 

Филмот е во режија на Ербил Алтанај, додека сценариото е дело на Сашко Насев. Низ приказната за еден таксист и неговите секојдневни средби со различни ликови, филмот отвора простор за хумористичен и сатиричен осврт кон општествените состојби и човечките карактери.

 

Главните улоги ги толкуваат Јовица Михајловски, Катерина Коцевска и Оливер Митковски, а актерската екипа ја надополнуваат бројни познати имиња од македонската филмска сцена.

 

Три децении по својата премиера, „Самоуништување“ останува препознатливо остварување во македонската кинематографија, кое и денес привлекува внимание со својот специфичен хумор и критички поглед кон општеството.

 

Мени за пристапност