Денес во Ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп заврши Работилницата за мозаик, која по вторпат се реализираше со поддршка на Министерството за култура и туризам.
На работилницата учествуваа 15 ученици од прилепските училишта, кои во изминатите три дена се запознаа со основите на мозаичната уметност и изработуваа сопствени дела.
Работилницата ја водеше м-р Александра Димитрова, а координатор на проектот е Марјан Стојаноски. Целта на оваа активност е да се поттикнат креативноста, уметничкиот израз и интересот на младите за мозаикот како ликовна дисциплина.