Во Македонскиот културно-информативен центар во Белград на 18 јуни во 20:00 часот ќе бидат претставени дела од 42 уметници, членови на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
На отворањето ќе се обратат претседателката на ДЛУМ проф. д-р Јана Манева Чупоска, претседателкат на уметничкиот совет проф. д-р Маја Рауник Кирков и директорот на македонскиот КИЦ во Белград Васко Шутаров.
„Експериментален цртеж“ е традиционална годишна изложба на ДЛУМ која ги поттикнува современите истражувања и новите пристапи во цртежот како медиум.