Во вторник, 26 август 2025 г., во 20:00 часот во Паркот на франкофонијата ќе биде отворена самостојната изложба на скулпторот Озбек Ајваз „Гласот на минатото“ – скулптура што раскажува приказни.
Делото претставува уметнички потсетник за едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. Со својата форма и порака, скулптурата ја оживува културата на внимателно информирање, која денес сè повеќе исчезнува под притисок на онлајн медиумите, социјалните мрежи и инстант-информациите.