Годинaшното јубилејно 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе биде затворено со европската премиера на театарската претстава „Приказната на Електра“, работена според текст на Сашо Димовски, режија на Дејан Пројковски, во копродукциска изведба на Театарска асоцијација на Јужна Кореја, АРТЕМА – Театарска лабораторија и Националната установа „Охридско лето“.
Улогите во претставата ги толкуваат Ким Чоин како Електра/Ифигенија, Ким Сеонг-ми како Клитемнестра/Касандра, Чои Минхјук ја носи улогата на Орест, Јанг Мин Ки е Агамемнон, а Ха Џин е Егист.
Претставата ќе се игра на големата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.