Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Самостојна изложба на Ибрахим Махама во Музејот на современата уметност – Скопје

Самостојна изложба на Ибрахим Махама во Музејот на современата уметност – Скопје

Специјалното отворање на проектот, со можност публиката да се сретне со светски реномираниот уметник Ибрахим Махама, ќе се одржи денеска (14 октомври)  во 18 часот.

Преку поврзување на јутените вреќи и нивното инсталирање на површината на зградата на Музејот, делото истражува како историските настани се вградени во материјалноста на јутените вреќи и како преку оваа инсталација фасадата се преобразува во политичко огледало.

Фасадата на Музејот на современата уметност на Скопското кале деновиве е обвиткана со текстил како дел од претставувањето на реномираниот уметник Ибрахим Махама од Гана. Изложбата ќе трае до 11 ноември. Ова е прво претставување на Махама во Македонија.

Мени за пристапност