На 15 мај 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, во Ликовната галерија при НУ ЦК „Марко Цепенков-Прилеп“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „Маркукуле – живо“ од Ивана Темелкоска.
Ова е прва самостојна изложба на авторката, реализирана со поддршка од Министерството за култура и туризам.
Изложбата претставува фотографски записи од Маркукуле, создадени низ различни временски периоди и атмосфери, како резултат на долгогодишно и внимателно набљудување на овој препознатлив прилепски пејзаж.
Преку серијата фотографии, Темелкоска го доловува постојаното менување на светлината, природата и расположението на просторот, претворајќи го Маркукуле во жив визуелен дневник.
Изложбата ќе биде отворена за посетителите во Ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.