Во рамките на годишната едукативна програма на Националната галерија на Македонија, од 11 мај до крајот на мај 2026 година во Даут-пашиниот амам ќе се одржи третото издание на наградната едукативна игра „Лавиринт на уметноста 3“ под мотото „Каменот на знаењето“.
Преку интерактивен и современ пристап, проектот овозможува запознавање со уметноста и културното наследство преку игра, истражување и решавање едукативни задачи, наменети за учениците од основните училишта.
За најуспешните учесници се предвидени пригодни награди по завршувањето на проектот.