По повод Меѓународниот ден на музеите, на 18 мај во 19:00 часот во Националниот археолошки музеј – Скопје ќе се одржи инклузивната модна ревија „Модата во минатото“.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во уникатни модни креации инспирирани од минатото, како и да ја разгледаат постојаната поставка на нумизматичката збирка при Археолошкиот музеј, каде што се изложени околу 2 500 монети од VI век пр. н. е. до XX век.