По повод 76 години од постоењето на Театар „Војдан Чернодрински“, од 16 до 21 февруари 2026 година во НУЦК „Марко Цепенков“, на „Сцена 105“, ќе се одржи манифестацијата „Роденденска недела“ со богата театарска програма.
На 16 февруари ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ во продукција на Театар Велес, на 17 февруари следува монодрамата „Фетишист“, по текст на Мишел Турние, во продукција на НУ Народен театар Битола, на 18 февруари публиката ќе ја проследи „Делириум тременс“ на Театарска работилница Прилеп, добитник на повеќе интернационални награди, а на 19 февруари ќе биде изведена „Црнила“ во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ во режија на Дејан Пројковски.
На 21 февруари Театарот ќе гостува во Македонскиот народен театар во Скопје со претставата „Црнила“, силна психолошко-политичка драма што ја отвора темата за човековата совест, идеологијата и моралниот избор.
Сите претстави започнуваат во 20:00 часот.