Ретроспективна изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт ќе биде отворена на 11 март, среда, од 19 часот во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.
Ќе бидат изложени 30 дела, со кои уметницата ќе одбележи 35 години творештво.
Сликите се работени во различни периоди, во техниката акрил на платно и на картон.
Ита ТС Арт живее и твори во САД. Досега има реализирано изложби во Македонија, во САД и низ Европа.