Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонската гајда и турскиот тулум ќе бидат претставени во Истанбул

Македонската гајда и турскиот тулум ќе бидат претставени во Истанбул

Во Македонскиот културен центар во Истанбул на 10 март (вторник) со почеток во 20:00 часот ќе се одржи културен настан посветен на заедничката традиција на македонската гајда и турскиот тулум, како значаен дел од нематеријалното културно наследство на двата народа.

 

Настанот се организира по повод 10 март – Меѓународниот ден на гајдата, со панел-дискусија на која ќе учествуваат експерти од Македонија и од Турција. Панел-дискусијата ќе биде посветен на историските, културните и етномузиколошките аспекти на гајдарската традиција, како и на нејзината улога во современото културно наследство.

 

Особено внимание ќе биде посветено на процесот на впишување на гајдата и тулумот, кои беа заеднички внесени на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото во УНЕСКО. Ова признание претставува значаен пример за успешна културна соработка меѓу Македонија и Турција.

 

Со овој настан, Македонскиот културен центар во Истанбул официјално ќе ја отвори својата културна програма за 2026 година, продолжувајќи ја својата мисија за промоција на македонската култура и зацврстување на културната соработка меѓу Македонија и Турција.

Мени за пристапност