Вчера во Драмскиот театар се одржа првата проба на претставата „Мачкина глава“ во режија на Дејан Пројковски, работена по драмски текст на проф. д-р Венко Андоновски.
Премиерата е закажана за 21 април, на денот на централната прослава по повод 80-годишнината на Драмскиот театар.
Во уметничкиот тим се и сценографот Валентин Светозарев, костимографката Марија Пупучевска и композиторот Горан Трајкоски. Во претставата настапуваат: Рубенс Муратовски, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Сара Климоска, Игор Ангелов, Сања Арсовска, Златко Митрески и Предраг Павловски.
„Мачкина глава“ е втора претстава од Годишната програма на Драмскиот театар, поддржана од Министерството за култура и туризам за 2026 година.