Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Реакција на Министерството за култура и туризам на соопштението на ДУИ во врска со Скопско кале

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам
 
Министерството за култура и туризам остро реагира на денешното соопштение на Демократската унија за интеграција (ДУИ) поврзано со Скопското Кале и сака да потенцира неколку суштински факти.
 
Скопското Кале симболот на нашата култура, историја и традиција, заради незаинтересираност и несовесното работење на претходната влада во изминатата деценија беше оставено на забот на времето, односно беше девастирано, запуштено и обраснато со бујна вегетација.
 
Министерството за култура и туризам минатата недела во соработка и поддршка со екипи на ЗЕЛС и Општина Кисела Вода,  презеде конкретни  активности за теренско расчистување на теренот, со цел да се овозможи пристап, безбедност и основни услови за натамошна стручна проценка и третман на просторот.
 
Воедно информираме дека на просторот на Скопското кале не се спроведуваа никакви градежни зафати. Напротив таму постојат два веќе изградени музеи и тоа, музејот на  праисторијата и на отоманскиот период  кои до крајот на годината ќе бидат ставени во употреба.

Мени за пристапност