Најава за посета и потпишување на Договор за финансирање реконструкција на Мултифункционалeн центар во населбата Ново Лисиче
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митевски, утре, понеделник (28.7.2025 г.) во 10:00 часот, ќе потпишат Договор за финансирање реконструкција на Мултифункционален центар, во населбата Ново Лисиче, во близина на Спортскиот центар „Марко Божиновски“.
Во 10:15 часот предвидени се изјави за медиуми.