Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Битолскиот театар премиерно ќе ја игра „Рибарски караници“ на платформа поставена на Ротинското Езеро

Битолскиот театар премиерно ќе ја игра „Рибарски караници“ на платформа поставена на Ротинското Езеро

На платформа со носивост околу два тона, подигната на Ротинското Езеро под Пелистер, петнаесетина актери од Народниот театар од Битола вечер премиерно ќе ја изведат претставата „Рибарски караници“ по текст на Карло Голдони од 18 век, а во режија на Јован Ристовски.

 

Платформата е идејно решение на сценографот Валентин Светозарев, а ја подигнаа сценските работници од Театарот.

 

Играат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска-Дранговска и Марија Стефановска.

Мени за пристапност