Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Распишан конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година

Распишан конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид распиша конкурс за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година.

 

Конкурсот трае заклучно до 22 ноември. Тематската содржина на поемата со којашто се конкурира е од слободен карактер.

 

На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема е предвидена и парична награда. За изборот, односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од Република Македонија.

 

Комисијата, во согласност со правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднесле уредна апликација, за резултатите од изборот.

Сите заинтересирани, дополнителни информации можат да добијат на телефонот 046/261 063, или на е-адресата: centarzakultura_ohrid@yahoo.com. 

 

Мени за пристапност