Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Фестивалот РУТА со седум претстави во Драмски од утре до 31 октомври

Фестивалот РУТА со седум претстави во Драмски од утре до 31 октомври

„Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ утре го отвора фестивалот РУТА во Драмскиот театар Скопје.

 

Во копродукцијата учествуват ансамблите на Драмскиот театар од Скопје, Белградскиот драмски театар, Градскиот театар од Љубљана и Центарот за култура од Тиват. Улогите во претставата, правена во формат на комедија дел арте, им се доверени на актерите: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар Николиќ, Вукашин Јовановиќ, Нејц Језерник, Марјан Наумов и Јована Спасиќ.

 

Годинава е четврто издание на фестивалот РУТА во Скопје и публиката, како и минатата година, има можност да проследи седум исклучителни фестивалски претстави во Драмскиот театар Скопје и да присуствува на тркалезните маси со актерите по секоја изведба. Модератор е професорката на ФДУ, Ана Стојаноска. Сите претстави почнуваат во 20 часот.

Мени за пристапност