Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонски сновиденија: џез и фолклор на отворањето на есенските музички свечености

 Македонски сновиденија: џез и фолклор на отворањето на есенските музички свечености

На 25 октомври, во малата сала на Филхармонијата, свечено ќе биде отворено 25. издание на „Есенски музички свечености“ – еден од најзначајните настани на македонската концертна сцена. Годинашното отворање ќе го одбележи концертот „Македонски сновиденија“ во изведба на Македонскиот национален џез-оркестар, под диригентство на Владимир Николов.

 

Проектот „Македонски сновиденија“ претставува енергична фузија меѓу македонскиот фолклор и современиот џез, каде што традиционалните ритми и мелодии се преточуваат во современ музички израз. Под водство на Николов, оркестарот ќе ја поведе публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку јазикот на џезот.

Мени за пристапност