Со изведбата на претставата „Кец на десетка“, во продукција на Македонски народен театар, утре, четврток (5 март 2026 г.) во 20:00 часот, на сцената на НУ Центар за култура „Кочо Рацин“ свечено стартува манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“.
Сценската магија која ќе ја донесат актерите и аплаузот на публиката симболично ќе го означат почеток на културната програмата што ќе донесе повеќе од 150 културни настани: театарски претстави, музички концерти, изложби, фестивали и бројни креативни проекти. Во месеците што претстојат, Кичево ќе живее во ритамот на културата и уметноста, претворајќи се во динамична сцена каде секој настан ќе буди емоции, ќе обединува луѓе и ќе создава незаборавни моменти.
Манифестацијата за отворена ќе ја прогласи градоначалникот Александар Јованоски, кој ќе се обрати пред присутните испаќајќи силна порака дека уметноста е сила што обединува и инспирира.