Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Промоција на каталогот „Документи што зборуваат на допир“ на Брајово писмо во Музејот на македонската борба

Промоција на каталогот „Документи што зборуваат на допир“ на Брајово писмо во Музејот на македонската борба

Во НУ Музеј на македонската борба за самостојност во Скопје денеска во 11 часот ќе биде промовиран каталогот „Документи што зборуваат на допир“ на Брајово писмо.

 

Организатор на промоцијата е Државниот архив на Македонија, во соработка со Државното средно училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ – Скопје.

 

Публикацијата претставува избор на најзначајни документи што се чуваат во депоата на Државниот архив и во неговите подрачни одделенија, при што под секој документ е дадена соодветна легенда на Брајово писмо. Од Државниот архив посочуваат дека проектот има цел да ја подигне јавната свест за значењето на инклузивноста во културните институции и зачувувањето на културното наследство достапно за сите граѓани. 

Мени за пристапност