Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Проекција на „Јон Вардар против Галаксијата“ во Македонскиот културно-информативен центар во Софија

Проекција на „Јон Вардар против Галаксијата“ во Македонскиот културно-информативен центар во Софија

Во четвртокот (29 јануари), во просториите на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, се одржа проекција на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“, значајно авторско остварување на режисерот и сценарист Гоце Цветановски. Настанот беше дел од културната програма на Центарот и претставува уште еден важен чекор во континуираните напори за промоција на македонската современа уметност и филмска продукција надвор од државните граници.

Проекцијата привлече многубројна публика составена од љубители на филмот, претставници на културната и уметничката сцена, како и гости заинтересирани за современите достигнувања на македонската кинематографија.

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ својата премиера во Софија ја имаше во 2025 година во киносалата „Синема сити мол Софија“, по што Македонскиот културно-информативен центар ги обезбеди правата за негово прикажување во сопствениот програмски простор. Со тоа, Центарот ја продолжи својата мисија да биде активна платформа за претставување на значајни македонски културни проекти пред меѓународната јавност.

Мени за пристапност