Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Најава за прес-конференција: Саем за туризам – рурални домаќинства во Македонија и производители на органски производи

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Почитувани претставници на медиумите,

Министерството за култура и туризам ве поканува да присуствувате на прес-конференцијата посветена на Саемот за туризам – рурални домаќинства во Македонија и производители на органски производи, што ќе се одржи утре (петок), 30 јануари 2026 година, со почеток во 11:00 часот, во „Јавна соба“ (Cosy Room – поткровје).

На прес-конференцијата ќе се обратат министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, директорот на Земјоделскиот институт – Скопје, Душко Неделковски, амбасадорот на Словенија во Северна Македонија, Грегор Прескер, како и заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, Михал Харари.

Прес-конференцијата има цел да ги претстави целите, програмата и значењето на Саемот за туризам, со посебен акцент на развојот на руралниот туризам, поддршката на руралните домаќинства и домашните производители на органски производи, како и на меѓународната соработка во оваа област.

Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.

Со почит,

Министерство за култура и туризам

Мени за пристапност