Театарот „Војдан Чернодрински“ при НУ ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп денеска и утре, со почеток во 20 часот, на камерната сцена во Прилеп премиерно ќе ја изведе претставата „Животинска фарма“, според делото на Џорџ Орвел, во режија на Ќендрим Ријани.
Претставата ги обработува темите на моќта, манипулацијата, слободата и еднаквоста, пренесувајќи ја Орвеловата приказна во современ контекст. Ова е четврта премиера на прилепскиот театар годинава, поддржана од Министерството за култура и туризам.