Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јаков Ангелов и Арда Мустафаоглу со концерт во Истанбул

Јаков Ангелов и Арда Мустафаоглу со концерт во Истанбул

Македонскиот културен центар во Истанбул на 8 октомври организира концертна вечер на која ќе настапат македонскиот виолинист Јаков Ангелов и пијанистот Арда Мустафаоглу. Концертот ќе се одржи во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“, со почеток во 19 часот.

 

Програмата ќе опфати дела од: Шопен, Бетовен, Витали, Крајслер, Виенјавски и Сен-Санс, како и македонската народна песна „Кажи, Анѓо“, во аранжман на Сони Петровски и преработка на Мустафаоглу. Настанот е дел од соработката на Македонскиот културен центар со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија.

 

Мени за пристапност