Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Culture Moves Europe 2026–2027: Повик за индивидуална мобилност

Culture Moves Europe 2026–2027: Повик за индивидуална мобилност

Отворен е Повикот за индивидуална мобилност 2026–2027 во рамки на програмата ,,Културата ја движи Европа“ (Culture Moves Europe) во рамки на Програмата Креативна Европа. Повикот е наменет за уметници и културни професионалци кои сакаат да реализираат меѓународен уметнички или културен проект во друга земја од програмата ,,Креативна Европа“.

Програмата обезбедува финансиска поддршка за меѓународна мобилност, со цел уметниците и културните професионалци да стекнат нови знаења, да создаваат, истражуваат и воспоставуваат професионални контакти преку соработка со меѓународен партнер.

Повикот е наменет за уметници и културни професионалци кои:

·         имаат 18 или повеќе години;

·         имаат законско живеалиште во една од земјите учеснички во програмата Креативна Европа, вклучително и прекуокеанските земји и територии и најоддалечените региони;

·         се активни во еден од следните сектори: архитектура; културно наследство; дизајн и моден дизајн; книжевност; музика; изведувачки уметности; визуелни уметности.

Апликантите не е потребно да имаат одредено ниво на професионално искуство.

Апликации можат да поднесат поединци или групи од најмногу пет лица.

Избраните апликанти добиваат финансиска поддршка за реализација на проектот, која вклучува:

·         Дневен надомест: 85 евра дневно за секој ден од реализацијата на проектот.

·         Патни трошоци: 400 евра за патувања пократки од 5.000 километри; 800 евра за патувања од 5.000 километри или повеќе (Растојанието се пресметува автоматски во апликацискиот формулар, врз основа на директното растојание во еден правец).

Во зависност од околностите, достапни се и дополнителни финансиски средства:

·         400 евра – додаток за зелено патување;

·         175 евра – додаток за прекуокеански земји и територии и најоддалечени региони;

·         200 евра по дете – семеен додаток за секое дете помладо од 18 години;

·         120 евра – додаток за трошоци поврзани со виза.

Трошоци поврзани со пристапност на лица со попреченост:

·         30 евра дневно за времетраењето на проектот;

·         покривање на реалните трошоци или фиксен надомест за лична асистенција или толкување на знаковен јазик, во зависност од професионалниот статус на лицето кое ја обезбедува услугата;

·         можност за одредени исклучоци поврзани со патувањето.

Каков проект може да се поддржи?

Апликантите треба да предложат еден уметнички или културен проект кој ќе се реализира во друга земја од програмата Креативна Европа, со поддршка од меѓународен партнер.

Проектот мора да опфаќа најмалку две од следните четири цели:

·         учење – стекнување нови знаења и вештини;

·         создавање – развој или реализација на ново уметничко дело или проект;

·         истражување – истражување на нови теми, методи или контексти;

·         поврзување – воспоставување нови професионални контакти и соработки.

Меѓународен партнер

Еден од клучните услови за аплицирање е проектот да се реализира со меѓународен партнер во земјата каде што ќе се одвива мобилноста. Партнерот може да биде физичко лице  или организација.

Меѓународниот партнер соработува со уметникот или културниот професионалец во текот на реализацијата на проектот.

Апликантот сам го избира својот меѓународен партнер.

Потребна документација:

При аплицирањето потребно е да се достават следните документи:

·         официјален национален документ за идентификација;

·         доказ за законско живеалиште;

·         кратка биографија (CV);

·         уметничко и креативно портфолио;

·         писмо за покана од меѓународниот партнер.

Како да аплицирате?

За да аплицирате на Повикот за индивидуална мобилност 2026–2027, потребно е да креирате корисничка сметка и да поднесете онлајн апликација преку Goethe-Application Portal (GAP)

https://portal.gap.goethe.de/en-US/

Постапка:

·         Креирајте GAP профил

Преку Goethe-Application Portal креирајте корисничка сметка и регистрирајте се како „Individual“, дури и доколку аплицирате како група.

·         Изберете го повикот

Во порталот изберете „Culture Moves Europe“, а потоа „Call for Individual Mobility 2026–2027“.

·         Пополнете ја апликацијата

Апликацискиот формулар се пополнува на англиски јазик. Користете јасен и едноставен јазик за надворешните оценувачи лесно да го разберат вашиот проект.Познавањето на англискиот јазик не се зема предвид при оценувањето, а дозволено е користење онлајн алатки за превод.

·         Зачувајте ја и поднесете ја апликацијата

Нацрт-апликацијата може да се уредува во текот на целиот период сè до нејзиното конечно поднесување.

За дополнителна помош при користењето на порталот достапно е и видео-упатство кое објаснува како да креирате GAP профил и како да се движите низ платформата:

youtube.com/watch?si=2i-S38VkH7J9iUX4&v=nPskfcunUEs&feature=youtu.be

Рокови за аплицирање

Апликациите може да се поднесуваат на месечно ниво, почнувајќи од октомври 2026 година до 30 април 2027 година, со исклучок на декември 2026 година.

Сите апликации мора да бидат поднесени најдоцна до 23:59 часот (средно европско време) на еден од следните рокови:

31 октомври 2026

30 ноември 2026

декември 2026 – нема рок за аплицирање

31 јануари 2027

28 февруари 2027

31 март 2027

30 април 2027

Апликациите се разгледуваат во рамки на месечни рокови, согласно распоредот објавен во официјалниот повик. При изборот се земаат предвид оценката од независните оценувачи, времетраењето на проектот, како и други критериуми, меѓу кои географската и секторската застапеност и аспектите поврзани со инклузијата.

Сите апликанти ќе бидат известени за резултатот преку Goethe-Application Portal во рок од осум недели по истекот на соодветниот месечен рок.

Повеќе информации за повикот и начинот на поднесување на апликациите можете да најдете на следниве линкови:

https://culture.ec.europa.eu/culture-moves-europe/call-for-individual-mobility

https://culture.ec.europa.eu/sites/default/files/2026-09/culture-moves-europe-call-individual-mobility-2026-2027-call-document.pdf

Мени за пристапност