Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Премиера на младинската претстава „Челинџ“ во Театарот за деца и младинци

Премиера на младинската претстава „Челинџ“ во Театарот за деца и младинци

Во Театарот за деца и младинци вечер во 20 часот ќе биде изведена премиерата на новата младинска претстава „Челинџ“, авторско и режисерско дело на Јане Спасиќ. Претставата трае 78 минути и е наменета за публика на возраст од над 12 години и раскажува за викенд-екскурзија на која кога еден од учениците исчезнува без трага, групата е втурната во лавиринт на сомнежи, паника и потиснати тајни.

Во претставата настапуваат: Никола Наковски во улогата на Немања, Ангела Димитрова како Ина, Бојан Кирковски како Исток, Матеа Јанковска како Ана, Ненад Митевски како Трајко, Изабела Новотни како психологот Милица, Драган Довлев како директорот Аврамов и Ана Левајковиќ-Бошков во улогата на детективката Тања. Сценографијата е на Симе Атанасијевиќ, костимографијата на Илина Чолак, а дизајнот на плакатот го потпишува Матеја Николиќ.

Мени за пристапност