Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Повик за поддршка и промоција на традиционалните занаетчиски производи и за поддршка на занаетчиите

Министерство за култура и туризам Министерство за култура и туризам

Министерството за култура и туризам известува дека Европската комисија  објави повик за поддршка и промоција на традиционалните занаетчиски производи и за поддршка на занаетчиите.

Повикот ќе биде отворен за земјите членки на ЕУ, како и за други земји под одредени услови, а тоа значи дека Република Северна Македонија може да учествува со поднесување предлог-проекти, но задолжително преку транснационални конзорциуми со партнери од најмалку две земји, а крајниот рок за аплицирање е 30 септември 2025 година.

Целта на објавениот повик од Европската комисија е да бидат поддржани проекти наменети за промоција и поддршка на занаетчиските производи и на занаетчиите и туристичката соработка со прекугранични партнерства.

Повеќе информации за повикот се достапни на порталот за финансирање и тендери на ЕУ и на следната веб-адреса:

https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/topic-details/PPPA-MOVE-2025-P032404?keywords=tourism&isExactMatch=true&status=31094501,31094502&programmePer=

 

Мени за пристапност